ЕКСКУРЗИИ
 

ДОМА

За Геосфера

Проекти

Натпревари

Соопштенија

Фото-галерија

Екскурзии

Коментари

Занимливости

Гео-прозорец

 


 

 

 

На 05.09.2010 год. со членовите на Друштвото беше реализирана теренска екскурзија и беа посетени локалитетите: Мегалитската опсерваторија Кокино, Старо Нагоричане, манастирот Св.Јоаким Осоговски, Крива Паланка и камените кукли во с.Куклица, Кратовско и беше разгледан градот Кратово.

Членовите на друштвото се стекнаа со искуство од непроценливо значење, бидејќи два од трите локалитети се релативно тешко достапни за јавноста и преку посетата на истите стекнаа многубројни знаења кои единствено можат да се добијат со непосреден контакт на терен.
 

За потребите на екскурзијата од страна на секретарот на друштвото беше изработена кратка брошура со најосновните податоци за локалитетите.
Истата можете да ја симните ОВДЕ.

 

 


Учениците од Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола, кои имаа одбрано проектни активности по географија,  учествуваа на теренското истражување до Колешинскиот водопад, Струмица, пештерата Рамниште, Прилепско и пештерата Пешна и изворите на Беличка Река во Македонски Брод. Подолу се дадени одредени податоци за посетените локалитети.
За повеќе информации посетете ја страницата на
Активот по географија http://www.geografija-bt.webs.com

 

Колешинскиот водопад е лоциран во југоисточниот дел на Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.Се вбројува во еден од највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни карпи. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

 

Пештерата Пешна е прогласена за споменик на природата: „Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.“
Мистеријата на реката - За локалните мештани „врутокот“ е реката Пешна, понорница, која според извесни теории е Крапската река која формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас, за кој се претпоставува дека е долг неверојатни десет километри“.
Мистеријата на тврдината - Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Како што потврдуваат и промотерите на брендот на Крале Марко, „легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко.“ Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна.

Според спелеолозите, Пешна е со најголем отвор на Балканот - таваницата на отворот е 30 метри висина. Според проектот „природно наследство“, „нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8х52,4 м.“

Пештерата Рамниште се наоѓа помеѓу селата Крстец и Оревоец на надморска височина од 1100м. Формирана е во плиоцени езерски карбонатни конгломерати и бречи. Има два отвори, вкупна длабочина од -22м и вкупна должина на каналите од 115м, што ја прави најдолга од наведените пештери во околината на Прилеп. Составена е од три сали, во кои се застапени пештерски украси со претежно бела и црна боја. Особено се истакнува Невестинската Сала, која е исполнета со бели украси. Карактеристичен знак е сталагмитот "Торта" кој се наоѓа на крајот од пештерата. Истражувана е од ПСК Златоврв Прилеп во повеќе наврати во 2005 и 2006 година.
Повеќе информации за пештерите во прилепско ќе дознаете на www.zlatovrv.tk


 

РГД „Геосфера“ за своите членови и љубители на географијата, на 04.10.2008 год. организираше теренско истражување на релација

 

Битола - Прилеп - Македонски Брод - пештерата Пешна - изворите на Беличка Река -

Езеро Козјак

 

Наставниците и професорите од основните и средните училишта на регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар стекнаа ново искуство со посетата на горенаведените локации. Искуство кое ќе биде од непроценлива важност при реализацијата на наставната програма по предметот географија.

Централно место во теренското истражување беше Поречката област. Да се запознае ваков простор со недопрена природа е навистина голема привилегија.

Во Поречје беа посетени три локалитети:

     - Пештерата Пешна

     - Изворите на Беличка Река

     - Езерото Козјак на реката Треска

Исто така, во Прилеп го посетивме Институтот и музејот за тутун, каде се запознавме со вредната збирка на најразлични експонати од целиот свет.

 

 

 

 


 

           РГД „Геосфера“ за своите членови и љубители на географијата, на 19.05.2007 год. организираше теренско истражување на релација

 

Битола - брана Стрежево - село Смилево - Демир Хисар - село Бучин.

 

Под менторство на советникот по географија д-р Никола В. Димитров, наставниците и професорите од основните и средните училишта на регионот Битола, Ресен и Демир Хисар стекнаа ново искуство во начинот на подготовка и изведба на теренски истражувања. Беше извршена симулација на работни ученички групи, при што, секоја група имаше различни задолженија и вршеше презентација на истите.

 

           Ова теренско истражување претставуваше практична примена на едукативната средба (одржана во месец март), на која се поставија нови видици во организацијата на ученичките екскурзии, каде учениците веќе не се неми посматрачи, туку главни реализатори на теренските истражувања.

 

Брана Стрежево Пополнување на
прашалници
Разгледување на
внатрешноста
Село Смилево Пред споменикот на
Даме Груев
Меморијален музеј - село Смилево
Меморијален музеј - село Смилево Во училиштето
село Смилево
Демир Хисар
Антички мост - село Бучин Во училиштето
село Бучин