ПРОЕКТИ
 

ДОМА

За Геосфера

Проекти

Натпревари

Соопштенија

Фото-галерија

Екскурзии

Коментари

Занимливости

Гео-прозорец

 


 

 

Користење на Google Earth во наставата по географија

 

Учесниците на обуката преку практични задачи и работни ливчиња можеа одблизу да се запознаат со начинот на користење на овој програм во наставата по географија. Големата заинтересираност за Google Earth може да се види и од фотографиите!

 

 


Низ неколку чекори (прикажани на сликата и објаснети подолу во текстот) ќе можете да се запознаете со програмот Google Earth и бескрајните можностите за користење во наставата по географија !

 

 

Програмот Google Earth бесплатно можете да го симнете на следнава интернет страница http://earth.google.com потоа ќе мора да го инсталирате на компјутерот и слободно можете да ги користите неговите многубројни перформанси.

  1. Алатката прикажана под оваа бројка служи за зголемување и намалување на одредени површини на Земјата. Само кликнувате врз + или - и се јавуваат промените.
     

  2. Алатката прикажана под оваа бројка служи за промена на погледот (од сателитска снимка во 3Д -тродимензионална слика и обратно), при што можеме да го разгледуваме релјефот на одредено место. Кликнуваме на левиот или десниот знак на алатката.
     

  3. Алатката прикажана под оваа бројка служи за поместување на погледот кон 4 страни на светот (со кликнување на стрелките). Доколку сакате може и да летате врз одреден простор (кликнувате и задржувате врз малата ѕвезда, во средишниот дел на алатката, и се поместувате со глувчето на која страна сакате). Исто така, доколку кликнете и задржате врз кружната рамка на алатката и започнете да ја вртите ќе забележите дека се вртите околу одредено место на картата што ви овозможува разгледување на просторот (особено кога сте префрлени на 3Д слика, на пример, за разгледување на некој планински врв, планина, објект, итн.).
     

  4. Со кликнување на алатката прикажана под оваа бројка ќе можете да се префрлите на Google Sky каде може да ја истражувате вселената и многубројните вселенски тела (планети, комети, галаксии, созвездија).
     

  5. Оваа алатка може да ја користите за мерење на должини. Кога ќе кликните врз неа ви се отвара мало прозорче (Ruler). Овде имате две опции за мерење, да измерете растојание меѓу две точки (Line) или растојание по одредена патека (Path). Со кликнување на малата стрелка може да одберете во која мерна единица ќе го извршите мерењето. Со кликнување на (Clear) ја бришите линијата од мерењата.
     

  6. Oваа алатка се користи кога сакате некоја локација да ја обележите и во понатамошната работа да можете да ја користите. Кликнувате врз алатката и ви се отвара прозорец (Google Earth New) и мал маркер во одредена боја. Со кликнување и задржување врз маркерот го пренесувате на саканата позиција. Во отворениот прозорец забележувате дека се менуваат податоците за географската ширина и должина. Кога ќе го наместите маркерот на одредената локација, во прозорецот во полето (Name) го внесувате името на локацијата и кликнувате на ОК. За подоцнежно користење на локацијата и брз пристап до неа, можете да ја пронајдете во (Places >> My Places).
     

  7. Алатката под овој број се користи за вклучување или исклучување на вертикалниот прозорец кој се јавува на екранот.
     

  8. Со впишување на одредена локација во белото поле на оваа алатка и кликнување на лупата, програмот не носи до зададената локација.
     

  9. Оваа алатка (Places) е една од позначајните за користењето во наставата по географија. Во прозорецот се дадени неколку готови локации (со 2 клик врз локацијата програмот ве носи таму). Но, она што навистина е убаво во оваа алатка е копчето (Add Content). Со кликнување на ова копче, програмот ве носи на интернет страницата на Google Earth, каде се наоѓаат многубројни анимации и графички обработени карти кои можат да се користат во наставата (густина на населеноста, тектонски плочи и земјотреси, вулкани, производство на нафтата, патувањето на Магелан, движење на ураганите, итн), сите групирани во неколку категории. Под секоја слика од одредена анимација или карта пишува (Open in Google Earth), со кликање на текстот, изработената карта автоматски се префрлува во програмот Google Earth и вие можете да ја користите.
     

  10. Алатките од групата (Layers) имаат исто така голема улога во креирањето на изгледот на Google Earth. Во прозорецот се наоѓаат многубројни алатки (прикажување на теренот, времето, патишта, граници, Geographic Web (слики со географски податоци). Со кликнување во квадрачето пред секоја алатка ќе можете да ја вклучите или исклучите соодветната алатка. Со кликнување на знакот + можете да ја проширите листата на алатки.
     

  11.  Секогаш во левиот агол на екранот ви се прикажани податоците за географската ширина и должина на одредена локација и надморската височина. Како со глувчето се движите преку екранот ќе забележите дека податоците се менуваат.
     

  12. Во десниот агол на екранот ви е даден податок (Eye alt) односно поглед од височина и растојанието во одредена мерна единица.

    

 Корисни додатоци во работата со Google Earth:

  • Со кликнување на Edit >> Copy >> Copy Image ќе можете да копирате одредена локација од просторот и како карта да ја пренесете во PowerPoint за да ја презентирате или во Paint  за да ја обработете со цртање врз неа итн.

  • Со кликнување на Tools >> Options ќе можете да подесете накои карактеристики на програмот, поврзани со мерните единици, координатите, начинот на движење во  Google Earth итн.

 

Изработил: Мите Ристов


 

Примена на Google Earth во наставата

 

Наставен час за 7 одд. - Повторување за Балканскиот Полуостров

ОУ „Тодор Ангелевски“, ПЕ - Горно Оризари, Битола

Наставник по географија - Мите Ристов