ДОМА

За Геосфера

Проекти

Натпревари

Соопштенија

Фото-галерија

Екскурзии

Коментари

Занимливости

Гео-прозорец

 


Посетете ја ВЕБ страницата од одржаната теренска настава во село Цер!

www.selo-cer.tk

Посетете ја  ВЕБ страницата на Географската секција при ОУ „Тодор Ангелевски“ Битола -

www.geo-todor.tk

 

Посетете ја новата ВЕБ-страница на Активот по географија при Гимназија „Јосип Броз-Тито“ Битола

www.geografija-bt.webs.com

 

 

Посетете ја новата ВЕБ-страница на географската секција при ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола

www.geo-sugarev.webs.com

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Страница за афирмирање на географските активности на учениците од основните и средните училишта !

 



  • Во рамките на проектните активности по предметот географија, Активот по географија при Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола на 19.04.2008 год. организираше теренско истражување на пештерата Рамниште, Прилепско.


  • Теренска настава со истражувачки карактер, се одржа на 13.04.2007 год., со ученици од трета година при Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола.


  • На 06.03.2007 год. предметниот наставник по географија Митре Тасески, заедно со советникот по географија д-р Никола В. Димитров, со учениците од  ПУ “Коле Канински”-с.Буково одржаа теренски наставен час.


 

Битолските географи постигнаа голем успех на Републичките натпревари по „Народна техника“ за 2012 год. (за основни училишта). Во конкуренција на најдобрите учесници од цела Македонија го освоија првото место во областите Применета географија и Астрономија!
Во областа Применета географија првото место го освои ученичката Ивана Кочковска од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“-Битола под менторство на наставничката по географија Даниела Ристова на тема „Антарктик“.
РГД „Геосфера“ на натпреварувачите им посакува уште многу успеси!

 

 

 

На теренското истражување во пештерата Рамниште, во рамките на проектните активности по Географија, учествуваа 90 ученици од сите години на образование. Посетата на пештерата предизвика голем интерес кај учениците, за што сведочат и многубројните фотографии.
Покрај професорот по географија Мите Ристов, во посетата на пештерата учествуваа и проф. по географија Љупчо Долевски, советникот по географија д-р Никола В. Димитров, како и спелеолозите од планинарското друштво "Златоврв" од Прилеп (кои ги презентираа убавините на пештерата).

Пештерата Рамниште се наоѓа помеѓу селата Крстец и Оревоец на надморска височина од 1100м. Формирана е во плиоцени езерски карбонатни конгломерати и бречи. Има два отвори, вкупна длабочина од -22м и вкупна должина на каналите од 115м, што ја прави најдолга од наведените пештери во околината на Прилеп. Составена е од три сали, во кои се застапени пештерски украси со претежно бела и црна боја. Особено се истакнува Невестинската Сала, која е исполнета со бели украси. Карактеристичен знак е сталагмитот "Торта" кој се наоѓа на крајот од пештерата.

Истражувана е од ПСК Златоврв Прилеп во повеќе наврати во 2005 и 2006 година.
 

Повеќе информации за пештерите во прилепско ќе дознаете на www.zlatovrv.tk

 

 

 

 

Теренската работа се одржа во селото Цер (Горен ДемирХисар), а претходно беа посетени: врелото на Црна Река кај селото Железнец и пештерата Гоља Пеш (покрај патот Демир Хисар - Кичево).

 

Во теренската настава учествуваа учениците од III-2 и III-3 клас при Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола, под менторство на професорот по географија Мите Ристов, а во улога на набљудувачи присуствуваа педагогот на училиштето Милица Роџевска и советникот по географија од Бирото за развој на образованието д-р Никола В. Димитров.

Изведената теренска настава во природа беше со следниве цели:

  • Оспособување на учениците за истражувачка работа на терен;

  • Запознавање на учениците со непознати простори на Р.Македонија;

  • Проширување на стекнатите знаења и стекнување на нови знаења;

  • Зголемување на другарството меѓу учениците, но и меѓу учениците и професорите;

  • Снимање на документарен филм од теренската настава.

Истражувачката работа во селото Цер се одвиваше по однапред испланирана динамика. Сите ученици беа поделени во неколку групи и секоја група имаше одредена активност која претходно беше утврдена.

  1. Одредување на географската положба и карактеристиките на просторот околу селото Цер и изработка на план од селото

  2. Цркви, празнувања и обичаи во селото Цер

  3. Историја на селото Цер

  4. Карактеристики на населението во селото Цер во минатото и денес

  5. Квалитетот на животната средина во село Цер

  6. Акетирање на населението во Цер (занимање на населението и инфраструктурата во селото)

  7. Цртање на специфична архитектура во селото

  8. Снимање на документарен филм за теренската настава

Откако секоја група заврши со своето истражување беше направена презентација на сработеното, при што, секоја група беше снимена со камера.

Во периодот што претстои се планира изработка на ВЕБ страница за изведената теренска настава, во која преку текст, слики и видео ќе бидат претставени убавите спомени на учениците!

 

 

 

 

 

Училиште: ПУ “Коле Канински”-с.Буково
Одделение: од 5 до 8 одделение, вкупно 18 ученици
Наставна тема: Ориентација на земјиштето
Наставна цел: Учениците да стекнат основни познавања за ориентација на земјиштето со помош на компас, топографска карта и со други инструменти и објекти. 
Вид на теренска настава: Теренски наставен час
Место/локација: с.Буково
Ден
: 06.03.2007 година (вторник)
Наставник: Митре Тасески
Советник за географија: д-р. Никола В. Димитров

Село Буково Наставникот со учениците Наставникот, советникот и учениците Работа со компас на топографска карта
Пополнување на неми карти со користење на топографска карта

Практична работа на советникот со учениците

Практична работа на наставникот со учениците