СООПШТЕНИЈА | |
|
Почитувани, Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, Ве поканува да присуствувате на седмото годишно собрание кое ќе се одржи во просториите на СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола, на 02.03.2013 год. (сабота) со почеток во 10.00 часот. Дневен ред: 1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2012 год. 2. Информација за одржаните едукативни предавања и работилници за учениците од основните училишта и доделување на потврди за активно учество во овие предавања (за учениците и наставниците). 3. Презентација на активностите на друштвото за 2013 год. 4. Регионални натпревари по географија за 2013 год. 5. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија во Скопје. 6. Презентација на веб страници корисни во наставата по географија 7. Разно Со почит, Претседател: Мите Ристов
ИЗВЕСТУВАЊЕ по повод претстојниот регионален
Регионалното географско друштво „Геосфера“ – Битола
30.03.2013 год. (сабота), во ОУ „Stiv Naumov“, Битола, со почеток во 10,00 часот. ПРОПОЗИЦИИ за одржување на натпреварите по географија за ученици од основните и средните училишта во Република Македонија Претседателството на Македонското географско друштво во соработка со регионалните друштва, советниците по географија, наставниците и професорите, традиционално организира натпревари по географија. Во учебната 2012-2013 година натпреварите по географија ќе се одржат на училишно, општинско, регионално и државно ниво. Согласно одлуката на Македонското географско друштво за натпреварите по географија се предвидени следните теми: 1. Теми за натпревари за основно образование Содржините од учебникот за седмо одделение кои се однесуваат на Европа. 2. Теми за натпревари за средно образование Содржини од учебникот за средно образование кои се однесуваат на географијата на Република Македонија за втора година гимназија (само природно- географските и социо-географските карактеристики) 3. Теми за натпревари за средно стручно образование Содржините од учебникот по географија од средно стручни училишта. Напомена: Во зависност од бројот на пријавени натпреварувачи од средните стручни училишта натпреварот ќе се организара со тест или со конкретно поставени прашања. Регионалните натпревари по географија се предвидува да се одржат на 30 Март 2013 година. Државниот натпревар по географија ќе се одржи на 13 Април 2013 година. Натпреварите ќе се реализираат со решавање на тест (освен за средните стручни училишта каде може да биде поинаку). Местото на одржување е по општини, односно региони, а за местото на државниот натпревар ќе бидете дополнително информирани. Тестовите за општинските, односно регионалните натпревари ќе бидат подготвени и дистрибуирани со помош на советниците по географија или претставници на Претседателството на МГД. Тестовте за државниот натпревар се во надлежност на Претседателството на Македонското географско друштво. Право на учество на државните натпревари имаат учениците кои освоиле прво и второ место на општинските, односно регионалните натпревари односно по двајца ученици од општините според административно територијална поделба со 34 општини: Берово, Битола, Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Скопје (Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Карпош, Чаир), Тетово, Велес и Штип. Награди ќе бидат доделени за освоено прво, второ и трето место за сите три групации на ученици, како и три освоени награди врз основа на процентот на освоени бодови. Наградите се единствени без било какво подвојување на учениците. Напомена: Молиме координирајте се со своите колеги од училиштата од Вашата околина и разменете информации во врска со натпреварите по географија како би имале помасовно учество на учениците на истите. Македонско Географско ДруШтво Претседател
Проф. д-р Благоја Маркоски с.р.
Превозот до местото каде се реализира натпреварот паѓа на терет на училиштата кои учествуваат. Предлог за промена на наставната програма по предметот географија за 7 одд. Собранието на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, на работниот состанок одржан на 05.09.2009 год., расправаше за измените во наставната програма по предметот географија за 7 одд. и ги изнесе следниве проблеми и предлог мерки. Истите се испратени до следниве институции:
ПРОБЛЕМИ Иако замислата за регионален пристап во наставните содржини по географија за 7 одд. е добра, сепак при расправата за наставната програма беа изнесени повеќе заклучоци за негативните ефекти од оваа програма.
ПРЕДЛОГ МЕРКИ Собранието на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, за време на расправата за измените во наставната програма по предметот географија за 7 одд. предложи неколку мерки со кои смета дека ќе можат да се надминат претходно истакнатите проблеми.
· еден советник од Бирото за образование, · еден факултетски професор и · двајца професори/наставници практичари вклучени во наставниот процес.
Регионално географско друштво „Геосфера“ - Битола
|