КОНТАКТ СО РГД „ГЕОСФЕРА“
Адреса: „Васко Карангелевски“ 23/15 7000 Битола Р. Македонија
e-mail: rgdgeosfera@yahoo.com
жиро сметка: 500000000508889 даночен број: 4002006172226 Стопанска банка а.д. Битола
|
Одржан работен состанок на членовите на РГД „Геосфера“ - Битола со едукативна работилница (22.09.2012 год.)
10 годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 27.02.2016 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото. 1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2015 год. Претседателот Мите Ристов го презентираше извештајот за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите. 2. Презентација на активностите на друштвото за 2016 год. Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2016 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година. Посебно внимание се посвети на подготовкита за одбележување на 10 годишнината од постоењето на друштвото. 3. Регионални натпревари по географија за 2016 год. Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 09.04.2016, републичкиот натпревар ќе се одржи на 06 и 07 Мај, 2016 година, а за местото на одржување ќе се добие дополнително известување. За основните училишта оваа година натпреварувањата ќе бидат на тема „Америка“. 4. Информација за новите услови за членство во МГД Во однос на новите услови за членство во МГД (задолжително плаќање на чланарини со различна вредност, во зависност од понудените услуги) се завзеде заеднички став, да се поднесе барање за одредено намалување на чланарината за членовите на РГД „Геосфера“, со образложение дека нашите членови имаат веќе одредени трошоци, а воедно се и задоволително активни на регионално ниво. 5. Дискусија за новиот учебник за 6 одделение и екстерно тестирање. Наставниците ги споделија своите искуства во однос на новиот учебник по географија за 6 одделение и општиот заклучок беше дека учебникот е подготвен на задоволително ниво. Во однос на екстерното тестирање постојат стравувања од страна на наставниците за прашањата кои ќе бидат подготвени, а ќе се однесуваат на оној дел од материјалот за кој учебникот сеуште не беше достапен. 6. Семинар за стручно усовршување на наставниците На членовите на друштвото им беше дадена информација за одржување на семинар за стручно усовршување на наставниците по географија, кој ќе се оджи на 19.03.2016 год. во просториите на Инситутот за географија при ПМФ-Скопје. Дел од присутните изразија желба за учество на семинарот, поради што ќе се извршат дополнителни консултации и со неприсутните членови, со цел организирано учество на истиот. 7. Прослава на јубилејот 10 год. Геосфера По оваа точка од дневниот ред беа дадени повеќе предлози на кој начин да се одбележи јубилејот, како: организирање на изложба со ретроспектива од активностите на друштвото за изминативе 10 години, понатаму, изложба на учениците од основните училишта со нивни изработки од одредени истражувања од областа на географијата и промоција на монографија за географите на територија на општина Битола од минатото до денес. Секретар: Гордана Богоевска
Деветото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 28.02.2015 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2014 год. Претседателот Мите Ристов го презентираше извештајот за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите. 2. Презентација на активностите на друштвото за 2015 год. Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2014 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година. 3. Регионални натпревари по географија за 2014 год. Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 18.04.2015 год. во ОУ „Коле Канински“ Битола со почеток во 8 часот. 4. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија-Скопје Наставниците беа известени за одржувањето на семинарот за наставниците по географија на Институтот по географија во Скопје (21.03.2015 год.) и се договори да се организира превоз за помасовно учество на истиот. 5. Изработка на проекти за учество во конкурсот на Општина Битола за финансирање на проекти на здруженија на граѓани Беше формирана работна група која ќе изработи предлог проекти во состав: Мите Ристов, Гордана Богоевска, Методиј Богоевски, Тони Гештаковски и Анета Печипајковска. 6. Предавање на тема: Процеси на демографско стареење на Пелагонискиот регион, м-р Методиј Богоевски, одбрана на магистерски труд. Претседател: Мите Ристов
Осмото годишно изборно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 04.04.2014 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2013 год. Претседателот Мите Ристов го презентираше извештајот за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите. 2. Избор на претседател на Друштвото за наредните 4 години. Собранието на Друштвото го номинира досегашниот претседател Мите Ристов за уште еден мандат и едногласно беше избран за претседател на Друштовото за уште 4 години. 3. Презентација на активностите на друштвото за 2014 год. Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2014 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година. 4. Регионални натпревари по географија за 2014 год. Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија нема да се одржат поради доцнењето во издавањето на акредитации за организиација на натпревари од страна на Министерството за образование и наука. 5. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија-Скопје Наставниците беа известени за одржаниот семинар од страна на колегите кои присуствуваа на истиот и им беа посочени одредени поединости од излагањата на предавачите. Претседател: Мите Ристов
Работниот состанок на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 16.11.2013 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Екстерно тестирање на учениците - Анализа на дел од прашањата и дискусија Членовите на друштвото направија стручна анализа на поставените прашања за екстерното оценување и се водеше конструктивна дискусија на која преовладуваше мислењето дека голем дел од прашањата не се соодветно поставени според возраста на учениците и тежинското ниво, излегуваат од рамките на наставната програма и во голема мера содржат фактографија. 2. Информација за Меѓународниот симпозиум на тема „Проблеми и перспективи на ридско-планинските подрачја“, Охрид, септември, 2013 год. Присутните беа информирани за одржаниот сумпозиум и сите негови позитивни и негативни придобивки. 3. Едукативно предавање на тема: Израел земја на контрасти. Предавањето го реализираше Мите Ристов кој со присутните го сподели личното искуство од посетата на Израел во рамките на еукативните работилници поврзани со Холокаустот реализирани во Институтот Јад Вашем, Ерусалим.
Меѓународен симпозиум на тема „Проблеми и перспективи на ридско-планинските подрачја“, Охрид, септември, 2013 год. Неколку членови на РГД Геосфера учествуваа во работата на симпозиумот кој се одржа во хотелот Силекс. Професорот Никола В. Димитров учествуваше со презентација на два научни труда. Повеќе информации на погоре дадениот линк.
Учество на наставниците по географија од регионот на Битола на Семинарот по географија организиран од страна на Македонското географско друштво на Институтот за географија при ПМФ - Скопје (16.03.2013 год.).
РГД „Геосфера“ организираше превоз за 15 колеги од регионот на Битола кои учествуваат на овој семинар. На семинарот се дискутираше за акуелни теми и проблеми во наставата по географија и општо во образованието во Македонија, а беа одржани и четири предавања во функција на наставата по географија на следниве теми:
Сите учесници на семинарот за успешното улество добија и соодветни сертификати од МГД.
Седмото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 02.03.2013 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2012 год. Претседателот Мите Ристов го презентираше извештајот за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите. 2. Информација за одржаните едукативни предавања и работилници Присутните на ова собрание беа извесетени за посетеноста на овие предавања и заинетесираноста на учениците за истите. Се донесе глобален заклучок дека овие предавања ја постигнаа својата цел, односно ја промовираа географијата како наука и заинтересираноста за истата ја подигнаа на повисоко ниво. Наставниците се информираа дека трите предавања се поставени на web-страната на географското друштво, па така можат да бидат разгледани и од страна на наставниците кои не ги посетуваа истите. Повеќе можете да видите на: www.geosferaedukacija2012.webs.com Исто така беа поделени потврди за активно присуство, како на учениците така и на наставниците кои ги посетуваа овие работилници. 4. Презентација на активностите на друштвото за 2013 год. Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2013 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година. 5. Регионални натпревари по географија за 2013 год. Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 30.03.2013 год. во ОУ „Стив Наумов“-Битола, со почеток во 10 часот, додека републичкиот натпревар ќе се одржи на 13.04.2013 година, најверојатно во Скопје. 6. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија-Скопје Наставниците беа изветени за претстојниот семинар по географија, кој ќе се одржи во Скопје, на Природно-математички факултет, на ден 16.03.2012 година. На состанокот повеќе присутни се изјаснија дека сакаат да учествуваат на семинарот, поради што беше договорено најдоцна за една недела да се пријават сите заинтересирани, а Друштвото ќе го организира превозот до Скопје. 7. Презентација на веб страници корисни во наставата по географија На членовите на Друштвото им беа презентирани корисни веб страници во наставата по географија, со што знаењата по географија кај учениците, но и наставниците по географија ќе се издигнат на едно повисоко ниво, а нставата по географија ќе биде подинамична и поинтересна. Интернет страниците можете да ги видите во делот на ЛИНКОВИ. Претседател: Мите Ристов
Работниот состанок на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 22.09.2012 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На состанокот се дискутираше за неколку точки и се реализира едукативна работилница. ДНЕВЕН РЕД 1. Извештај од реализираната екскурзија во Водопадот Дуф и пештерата Шаркова дупка. Присутните беа известени дека на екскурзијата присуствуваа 8 членови од друштвото и претседателот на друштвото апелираше за поголемо учество на наредните екскурзии од страна на сите членови. Воедно членовите беа известени дека екскурзијата помина одлично во секој поглед, а пред се научен. 2. Подготовки за одржување на серија од предавања и работилници по повод месецот на географијата. Во текот на дискусијата за оваа точка професорите д-р.Никола Димитров и Методиј Богоевски доброволно се пријавија за учество и изработка на предавања и работилници по повод месецот на географијата 3.Едукативна работилница на тема: „Подготовка и изработка на тест прашања во географијата според Блумовата таксономија (различно тежинско ниво)“ Едукативната работилница беше успешно реализирана, со тоа што наставниците кои присуствуваа ги доусовршија своите знаења за примена на Блумовата таксономија и се обидоа да создадат збир на прашања со различни тежински нивоа, кои ги споделија со останатите колеги и дискутираа за истите. 4.Тековни прашања Беше даден предлог за темата на наредната обука да биде подготвување на електронски тестови за согледување на знаењата на учениците.
Секретар:
Гордана Богоевска
Шесттото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 18.01.2012 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола за 2011 год. Претседателот Мите Ристов го презентираше извештајот за работата на друштвото во текот на изминатата година, во кој се наведени активностите на друштвото и паричните средства потрошени за истите. 2. Информација за одржаните едукативни предавања и работилници Присутните на ова собрание беа извесетени за посетеноста на овие предавања и заинетесираноста на учениците за истите. Се донесе глобален заклучок дека овие предавања ја постигнаа својата цел, односно ја промовираа географијата како наука и заинтересираноста за истата ја подигнаа на повисоко ниво. Наставниците се информираа дека трите предавања се поставени на web-страната на географското друштво, па така можат да бидат разгледани и од страна на наставниците кои не ги посетуваа истите. Исто така беа поделени потврди за активно присуство, како на учениците така и на наставниците кои ги посетуваа овие работилници. 3. Ажурирање на списокот со членови на друштвото Со цел да не доаѓа до застој на работата на друштвото за донесување на одредени одлуки, а воедно и да се има реална претстава за неговите активни членови, се направи селекција на оние членови од друштвото кои повеќе не присуствуваат во наставниот процес. 4. Презентација на активностите на друштвото за 2012 год. Претседателот на друштвото ја презентираше годишната програма за 2012 година, во која се префрлени оние активности кои друштвото не успеа да ги реализира во изминатата година, како и нови планирани активности за оваа година. 5. Регионални натпревари по географија за 2012 год. Присутните наставници беа известени дека овогодинешните регионални натпревари по географија ќе се одржат на 14.04.2012 (дополнително се презакажани за 07.04.2012 год.) во ОУ „Гоце Делчев“-Битола, со почеток во 10 часот, додека републичкиот натпревар ќе се одржи на 04.05.2012 година, и тоа во Делчево. За основните училишта оваа година натпреварувањата ќе бидат на тема „Африка, Северна и Јужна Америка“. 6. Семинар за наставниците по географија во Институтот за географија-Скопје Наставниците беа изветени за претстојниот семинар по географија, кој ќе се одржи во Скопје, на Природно-математички факултет, на ден 21.01.2012 година. Поради лошите временски услови посетата на семинарот од страна на друштвото беше откажана, за што се даде предлог да се напише писмо за известување на нашето отсуство и извинување за истото, упатено до Институтот за географија-Скопје. 7. Разно Присутните беа информирани за претстојната обука организирана од Мајкрософт и Министерството за образование и наука, на која учесниците ќе се обучат за изработка на видео материјали во програмот Movie maker.
Секретар
· Состанокот се одржа на ден 24.09.2011 год., со почеток во 10,00 часот во просториите на ОСУ Гимназија "Јосип Броз-Тито" - Битола ДНЕВЕН РЕД
По првата точка од дневниот ред претседателот на друштвото, Мите Ристов, го прочита подготвеното предлог барање за измените во наставната програма за седмо одделение, како и предлог решенија за совладување на овај проблем. Ова барање беше едногласно одобрено од страна на присутните членови. Воедно се даде и иницијатива за изготвување на предлог барање за регулирање на грешките во учебниците за шесто одделение. 2. Дискусија за предметот природни науки и техника во шесто одделение (гостин: Ивица Гиевски-советник по географија) Бидејќи советникот Ивица Гиевски беше оневозможен да присуствива на состанокот, се разви само кратка дискусија во која според искуствата на наставниците кои предаваат во шесто (деветтолетка) одеделение, се дојде до заклучок дека наставните содржини кои произлегуваат од предметот географија се минимално објаснати во изготвениот учебник, а со тоа се чувствува и оштетеност како кај наставниците така и кај учениците. 3. Доделување на признанија за учениците кои освоија награди на регионалниот натпревар по географија 2011 година Претседателот Мите Ристов ги додели признанијата на менторите на успешните ученици, со желби за уште поголеми успеси на наредниот регионален и републички натпревар. 4. Едукативна работилница на тема „Изработка на електронски неми карти и нивно користење во оценувањето на учениците“ (за членовите кои не присуствувале на работилницата реализирана во месец јуни) Едукативната работилница повторно беше успешно реализирана, со тоа што наставниците кои присуствуваа си отворија профили на кои беа обучени сами да изготвуваат електронски неми карти и електронски квизови, со кои полесно ќе ги предаваат наставните содржини. Воедно ќе имаат простор за формативно оценување во текот на секој час, како и претстава колку учениците совладале во текот на часот. 5. Разно По оваа точка од дневниот ред се одреди терминот и локацијата на планираната екскурзија на РГД "Геосфера", која ќе се реализира на 15.10.2011 година со следнава маршута: Битола-Маврово-водопад Дуф, с.Ростуше-Охрид-Битола.
Состанокот
се одржа на ден
22.06.2011
год.,
со почеток во
09,00
часот во просториите на
· На состанокот присуствуваа 20 членови ДНЕВЕН РЕД
По првата точка од дневниот ред говореа оние наставници кои имале искуство со наставната програма во VII одделение, и ги изложија следниве забелешки: -голем дел од наставните содржини се повторуваат; -малку часови за повторување и утврдување на знаењата на учениците; -преголем број на наставни содржини, во кои има непотребни податоци (пр. парламент, пратеници, уредување, и т.н.) Со цел подетално да се обработат и прошират овие забелешки, се оформи работна група составена од следниве членови: Никола Димитров, Лука Карапетроски, Методиј Богоевски и Гордана Бошковска. 2. Едукативна работилница на тема: „Изработка на електронски неми карти и нивно користење во оценувањето на учениците“
Едукативната работилница беше успешно реализирана, со тоа што
наставниците си отворија профили на кои беа обучени сами да
изготвуваат електронски неми карти и електронски квизови, со кои
полесно ќе ги предаваат наставните содржини. Воедно ќе имаат
простор за формативно оценување во текот на секој час, како и
претстава колку учениците совладале во текот на часот. 3. Разно По оваа точка од дневниот ред се дискутираше за терминот на реализација на планираната екскурзија на РГД "Геосфера", која се одложи за месец август 2011 година. 4. Пет години од работата на РГД „Геосфера“ Со голема радост, скромен коктел и торта, се прослави петгодишнината на постоењето на РГД „Геосфера“, со желби дека активностите во иднина ќе бидат на уште повисоко ниво, со цел подобрување на местото на географијата во образовниот процес и промоција на истата.
Петтото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на 05.02.2011 год. во Гимназијата „Јосип Броз - Тито“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото.
1. Презентација на
годишната програма
за работа на Друштвото
Надзорен одбор:
3. Промена на Статутот на Друштвото
4. Организирање на регионалните
натпревари по географија
5.
Едукативна работилница на тема: „Изработка на електронски неми карти
и нивно користење во оценувањето на учениците“
6. Разно
Третото изборно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на ден 20.11.2010 год., со почеток во 10,00 часот во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола. На Собранието присуствуваа мнозинство од членовите на Друштвото. ДНЕВЕН РЕД 1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2010 год.
2. Информација за учеството на IV Конгрес на географите на Р.Македонија организиран од Македонското географско друштво во Дојран на 09.10.2010 год.
3. Избор на Претседател и Секретар на Друштвото
4. Разно
Професорите и наставниците од Битола, зедоа активно учество на Четвртиот конгрес на географите на Република Македонија, кој се одржа во Дојран (7 - 10 октомври 2010 год.). На оваа манифестација учествуваа повеќе од 50 излагачи. Работата на конгресот беше поделена на три работни секции, на кои зедоа учество следниве битолски наставници:
Научните трудови презентирани од членовите на друштвото и моменти од учеството на конгресот можете да погледнете на посебната веб-страница http://kongres-trudovi.webs.com
На 23.01.2010 год. на Институтот за географија при ПМФ-Скопје, се одржа стручен семинар за наставниците и професорите во основните и средните училишта во Македонија. Неколку професори имаа свое излагање на различни теми.
Претседателот на РГД
„Геосфера“ од Битола имаше забележително излагање на
семинарот и неговата презентација ќе можете да ја симните
ОВДЕ.
Четвртото годишно собрание на РГД „Геосфера“ Битола се одржа на ден 15.01.2010 год., со почеток во 13,00 часот во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола. На Собранието присуствуваа поголем дел од членовите на Друштвото. ДНЕВЕН РЕД 1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2009 год.
2. Информација за учество на Седницата на Претседателството на Македонското географско друштво (одржана на 23.12.2009 год.)
3. Програма за работа на Друштвото за 2010 год.
4. Подготовки за регионалниот натпревар по географија
5. Подготовки за државниот напревар по географија
6. Подготовки за учество на IV-от Конгрес на географите на Р.Македонија
МЕЃУНАРИОДЕН
НАУЧЕН СИМПОЗИУМ, на тема: „ГЕОГРАФИЈАТА И ОДРЖЛИВИОТ
РАЗВОЈ” На симпозиумот зедоа учество географи од 11 држави (Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Албанија, Словачка, Унгарија и Полска) и беа презентирани над 70 реферати од над 100 учесници. Распоредени во три сесии:
Од Битола на Симпозиумот присуствуваа 5 членови: доц.д-р Никола В. Димитров (со свој реферат – „Просторно-популациски обележја на населбите во висинската зона од и над 1000 м.н.в во функција за развој на планинскиот туризам во Република Македонија”), Мирјана Георгиевска, Трајанка Неделковска, Лука Карапетроски и Томе Георгиевски, сите членови на РГД„ГЕОСФЕРА”-Битола. Исто така, по повод 60 годишнината од работата на Македонското географско друштво, на членовите на РГД „Геосфера“: Мирјана Георгиевска, Трајанка Неделковска, Лука Карапетроски и Мите Ристов, им беше доделена Пофалница за придонес во развојот и афирмацијата на географијата!
Третото годишното собрание се одржа на ден 17.01.2009 год., со почеток во 11,00 часот во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола. На Собранието присуствуваа преку 30 членови на Друштвото. ДНЕВЕН РЕД 1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2008 год. 2. Усвојување на завршната сметка на Друштвото за 2008 год. 3. Подготовки за еднодневната едукативна средба на Институтот за географија, одржана на 23.01.2009 год., со изработка на предлози и сугестии за претстојните екстерни оценувања на крајот од учебната година. 4. Презентација на Програмата за работа на Друштвото за 2009 год. 5. Подготовки за реализирање на регионалниот натпревар по географија 6. Презентации на изработени веб-страници од географските секции во училиштата: Гимназија „Јосип Броз-Тито“ (http://www.geografija-bt.webs.com), ОУ „Тодор Ангелевски“, (http://www.geo-todor.tk), ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ (http://www.geo-sugarev.webs.com) 7. Разно
На 20.06.2007 год. во просториите на ОСУ „Таки Даскало“ во Битола, за наставниците и професорите од регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар, се организира еднодневен семинар на тема: „Изработка на ВЕБ-страница за потребите на географската секција во училиштата“.
Изработката и реализацијата на семинарот беше на проф. Мите Ристов и д-р Никола В. Димитров. На семинарот зедоа учество скоро сите професори и наставници од регионот кој го покрива РГД „Геосфера“. Секое училиште имаше свој претставник.
Советникот по географија д-р Никола В. Димитров ги потенцира придобивките од одржувањето на овој семинар, како за наставниот кадар по географија, така и за учениците.
Професорот по географија Мите Ристов, визуелно ги потенцира најбитните чекори при изработката на ВЕБ-страницата и за секое училиште беше подарено по едно ЦД на кое сликовито, со неколку чекори е опишана постапката за изработка на ВЕБ-страницата за потребите на географската секција.
На 24.03.2007 год. во просториите на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, во соработка со Бирото за развој на образоаванието-Битола, се одржа едукативна средба, со наставниот кадар по предметот географија, од регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар. На средбата се дискутираше по следниот дневен ред:
Информацијата по оваа точка од дневниот ред ја даде советникот по географија, кој воедно е и претседател на Друштвото д-р Никола В. Димитров. Тој во своето излагање ја потенцира неговата загриженост за намалувањето на бројот на часови (7, 8 и 9 одделение со по 2 часа неделно), но и презентира предлог, кој претходно го искажал пред соодветната работна група надлежна за реализација на проектот, со кој на географијата ù останува часот во 6 одд., а покрај нас, час добиваат и други предмети, како биологија и информатика. Оваа информација предизвика бурна реакција кај учесниците на средбата. Во однос на дискусиите, сите се движеа во насока на тоа дека професорите од Институтот по географија, при ПМФ, како и советникот во Бирото за образование од Скопје, недоволно застанале во одбрана и лобирање за географијата.
Презентација на можностите и придобивките од квизот по географија ги посочи секретарот на Друштвото, Мите Ристов. На присутните им објасни на кој начин ќе можат да се вклучат и да го користат квизот по географија во секојдневната работа. Примената на квизот е огромна и ги има следниве предности:
Д-р Никола В. Димитров во кратки црти ја посочи методологијата за реализација на една ваква екскурзија (која со наставниот кадар од регионот е во план да се изведе во текот на месец април), а потоа во работилница (во 4 групи, во улога на ученици) детално се одработи секој дел од екскурзијата. Со оваа работилница наставниците добија искуство повеќе, пред сè, во реализација на работна ексурзија каде учениците нема да бидат само неми набљудувачи, туку активно ќе партиципираат во запознавањето и изучувањето на просторот кој го посетуваат.
Второто годишното изборно собрание се одржа на ден 09.02.2008 год., со почеток во 10,00 часот во просториите на ОУ „Елпида Караманди“ - Битола. На Собранието присуствуваа преку 30 членови на Друштвото. ДНЕВЕН РЕД 1. Извештај за работата на РГД „Геосфера“-Битола во 2006 и 2007 год. 2. Усвојување на завршната сметка на Друштвото 3. Информација за присуството на еднодневанта едукативна средба на Институтот за географија, одржана на 18.01.2008 год. 4. Избор на работно претседателство и водење на седница за избор на ново раководство на Друштвото (на старото раководство му беше изгласана доверба за вршење на должноста и во наредните 2 години) 5. Презентација на Програмата за работа на Друштвото за 2008 год. 6. Подготовки за реализирање на регионале натпревар по географија 7. Доделување на членски книшки на членовите на Друштвото 8. Обука за користење на Google Earth во наставата по географија 9. Разно
Основачкото собрание на Регионалното географско друштво „Геосфера“ со седиште во Битола, се одржа на 10.12.2005 год. во просториите на ДСУ „Таки Даскало“ во Битола. На собранието присуствуваа мнозинството од географите во Битола, Ресен и Демир Хисар. Основачкото собрание беше поделено на два дела: презентација на научните трудови на професорите и наставниците кои учествуваа на Третиот Конгрес на географите на Република Македонија и основање на РГД „Геосфера“. Првиот дел, побуди виден интерес, и учесниците со големо внимание ги проследија трудовите презентирани на Третиот Конгрес на географите на Република Македонија. Во вториот дел од Основачкото собрание, учесниците беа информирани со предлогот на Иницијативниот Одбор за избор на раководни тела на Друштвото, а потоа се пристапи кон гласање. Предлогот едногласно беше изгласан! Раководните тела се дадени во прилог на оваа ВЕБ-страница. фото - галерија
Професорите и наставниците од Битола, зедоа активно учество на Третиот конгрес на географите на Република Македонија, кој се одржа на 15.10.2005 год. во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На оваа манифестација учествуваа повеќе од 100 излагачи, досега рекорден број на презентери кои воопшто се појавиле на било кој конгрес одржан во нашата земја, од кои половината беа од странство (Бугарија, Србија и Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина). Работата на конгресот беше поделена на три работни секции, на кои зедоа учество следниве битолски наставници:
На 10 годишно собрание на РГД „Геосфера“-Битола кое се одржа во ОСУ „Јосип Броз-Тито“-Битола, на 27.02.2016 год., беше изгласана Годишната програма за 2016 год. Истата беше презентирана од претседателот на Друштвото Мите Ристов.
РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА 2016 ГОДИНА
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||