Извадоци од статутот на друштвото
 

ДОМА

За Геосфера

Проекти

Натпревари

Соопштенија

Фото-галерија

Екскурзии

Коментари

Занимливости

Гео-прозорец

 


 

 

ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 2

Регионално географско друштво "ГЕОСФЕРА" (во понатамошниот текст РГД "ГЕОСФЕРА") е доброволна организација во која се здружуваат граѓани-наставници, професори по географија, научни работници од областа на географијата и други лица (граѓани, ученици, младинци) вљубеници на географијата и од областа на аматеризмот што работаат и живеат во регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар.

Член 4

РГД "ГЕОСФЕРА" е невладина организација која не може да врши политички активности и да го користи својот имот и средства за политички цели

Член 5

Програмата на РГД "ГЕОСФЕРА" целите и задачите и активностите не смеат да бидат насочени кон:

-          насилно уривање на Уставот и поредокот на државата;

-          разгорување на полова, верска, национална и расна нетрпеливост.

 

ПРАВА НА ДРУШТВОТО

Член 9

Друштвото може меѓусебно да се поврзува или здружува во Сојузи или во други облици на поврзување или здружување за заедничко унапредување на својата работа и активности, за усогласување на посебните и заеднички интереси од областа за која се основани, како и за други прашања од заеднички интерес. Одлука за поврзување или здружување донесува Извршниот одбор на Друштвото.

ЦЕЛИ  И  3АДАЧИ   НА  ДРУШТВОТО

Член 10

Друштвото ќе работи врз основа на следните цели и задачи:

ü да дава придонес за популаризација на географијата и нејзините сродни дисциплини;

ü да врши едукација на училишната младина и на други граѓани љубители на географијата;

ü да биде носитеl и активно да партиципира во изработка и реализација на разни проекти;

ü да го подигне стручното и научното ниво на знаење од сферата на геграфијата;

ü да  дава придонес за стручно и едукативно-методско усовршување на наставниците и       професорите по географија од сите видови училишта во Регионот;

ü да дава придонес за поадекватна примена на географијата за сестран развој на стопанството

ü да се вклучува во наставни и научни истражувања кои третираат географски проблеми

ü да ги следи и проучува проблемите во наставата по географија насите нивоа и да дава придонес за нејзино усовршување;

ü да мотивира, превзема активности и создава услови за унапредување на наставниците-професорите по географија;

ü да ја збогатува стручно-методската и научна литература по географија;

ü да биде носител на активности кои ги зближуваат луѓето;

ü да се вклучува во разни акции во функција на унапредување и заштита на природната и животната средина;  

ü да биде носител и да се вклучува во акции за ревитализација на населбите, природата, животната средина;  

ü активно да соработува со Македоноското географско друштво - Скопје.

ü да дава придонес за усовршување на наставните планови и програми во основното и средното образование, со посебен акцент на географијата како наставен предмет;

ü да го афирмира и популаризира воспитно-образовниот процес по географија;

ü да организира предавања, обуки, семинари за стручно усовршување на своите членови;

ü да организира и спроведува разни видови натпревари по географија за основно и средно образование во општините и Регионот;

ü да биде коорганизатор и на други натпреварувања за ученици;

ü да предлага наставници-професори по географија и други членови на Друштвото за доделување на разни награди;

ü да извршува и други задачи поврзани со географијата и најзините сродни науки.

ü да соработува со други друштва и здруженија на локално, регионално и меѓународно ниво;

ü да се грижи, да ги заштитува и застапува правата на членовите на друштвото.  

 

ПОЧЕТОК

 

ОРГАНИ  НА ДРУШТВОТО И НАЧИН НА УПРАВУВАЊЕ

 

Член 14

 

        Органи на Друштвото се:

ü      Собрание

ü      Претседател

ü      Извршен одбор

ü      Надзорна комисија

ü      Секретар.

Член 15

За потребите во остварување на целите и задачите на друштвото, органите на друштвото можат да формираат постојани и повремени стручни секции, комисии или други работни тела чија работа е утврдена со актот на органот што ги формирал.

СОБРАНИЕ   НА   ДРУШТВОТО

Член  16

Собранието е највисок орган на Друштвото и него го сочинуваат Извршниот одбор (претседател, секретар и девет други члена) и целото членство на друштвото. 

Член 15

             Собранието на Друштвото:

ü      донесува Статут, програма за работа и други акти,

ü      донесува Деловник за работа,

ü      избира претседател на Собранието со мандат од 2 (две) години, а со право на   реизбор.

ü      усвојува годишен извештај,

ü      усвојува завршна сметка,

ü      одлучува за основање и укинување на ограноци (организациони единици),

ü      одлучува за промена на целта на друштвото,

ü      констатира прием на нови членови и престанок на членувањето,

ü      одлучува за други облици на поврзување или здружување,

ü      избира Извршен одбор на друштвото и разрешува,

ü      избира и разрешува Надзорна комисија,

ü      одлучува за престанок на Друштвото,

ü      врши други работи во согласност со законот, овој Статут и другите општи акти на Друштвото.

 

Член 16

 

Собранието работи на седници што се одржуваат по правило еднаш годишно.

Седници на собранието свикува претседателот на Собранието со доставување на писмена покана.

Седница на собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор или на најмалку една третина членови на Собранието.

Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторот.

 

 

Член 17

 

Со седницата на Собранието раководи претседателот на Собранието.

Во случај на отсутност на претседателот, Собранието определува претседавач на седницата.

Собранието може да работи ако присустуваат повеќе од половината членови.

Собранието по правило одлуките ги довесува со јавно гласање и со мнозинство гласови од присутните.

 

Член 18

 

Начинот на свикување и одржување на седниците на Собранието поблиску се определуваат со Деловник за работа.

 

Член 19

 

Собранието избира Извршен одбор. Извршниот одбор го сочинуваат 11 (единаесет) членови и тоа: претседател, секретар и девет други члена.

Претседателот, секретарот и деветте други члена, односно Извршниот одбор, го избира Собранието на својата прва седница.

Претседателот на Извршниот одбор е всушност претседател на Друштвото и него го избира Собранието.       

Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 2 (две) години, а со право на реизбор.

 

ПОЧЕТОК 

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ   НА   ДРУШТВОТО

 

Член 20

 

        Претседателот на Друштвото го избира Собранието со мандат од 2 (две) години, а со право на реизбор.

 

Член 21

 

        Претседателот на Собранието ги има следните права и должности:

 

ü      застапува, претставува и потпишува  во име на Друштвото во рамките на своите овластувања;

ü      ја координира работата на одборите и комисиите на Друштвото;

ü      се грижи за извршување на одлуките и заклучоците на Друштвото

ü      склучува договори во име на Друштвото;

ü      обавува и други работи кои произлегуваат од Статутот и актите на Друштвото.

 

 

Член 22

 

        Претседателот е самостоен во својата работа и е одговорен пред Собранието. Истиот има право да учествува во работата на било кој одбор и комисија на Друштвото.

        Ако смета дека некој акт е донесен во спротивност со Статутот на Друштвото, ќе го предупреди за тоа соодветниот одбор и комисија кој го донел актот и ќе го запре донесувањето на актот.

 

Член 23

 

        На претседателот на Собранието може да му се изрази недоверба и да се разреши од должност во следните случаи:

ü      Ако со својата работа ги повреди одредбите на овој Статут или друг акт на Друштвото, или пак неосновано одбие да ги извршува одлуките на Собранието или пак постапува спротивно на тие одлуки.

ü      Ако со својата несовесна работа на Друштвото или на пошироката заедница и нанесе штета во поголем обем;

ü      Ако на претседателот на Собранието му се изгласа недоверба, а веднаш не е избран нов претседател. Во тој случај неговата должност ја презема секретарот, со тоа што должноста не ќе може да ја извршува подолго од шест  месеци.

 

 

ИЗВРШЕН ОДБОР  НА ДРУШТВОТО

 

Член 24

 

        Извршниот одбор е колективен извршен орган на Собранието на Друштвото. Извршниот одбор го сочинуваат: претседател, секретар и девет други члена. Членовите на Извршниот одбор ги избира Собранието на првата седница.

 

Член 25

 

Со Извршниот одбор раководи Претседател кој е всушност претседател на Друштвото и него го избира Собранието.     

Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 2 (две) години, а со право на реизбор.

 

Член 26

 

            Извршниот одбор:

ü      ги подготвува седниците на Собранието,

ü      го подготвува нацртот на Стаутот и другите акти и одлуки што треба да ги донесе Собранието,

ü      формира постојани и повремени комисии и други работни тела и врши контрола врз нивната работа,

ü      донесува акти за работа на комисиите,

ü      води регистар за членовите на Друштвото и одлучува за прием на нови членови на предлог на комисија,   

ü      утврдува предлози за доделување на признанија, подароци или други награди на истакнати членови,

ü      ја спроведува програмата, политиката, заклучоците и одлуките донесени на Собранието, 

ü      управува и одговара за имотот и средствата на Друштвото,

ü      подготвува и поднесува годишен извештај за својата работа,

ü      донесува одлуки за исклучување на негови членови, на предлог на комисија,

ü      се грижи за наменско користење на финансиските средства,

ü      врши други работи согласно законот, овој Статут и актите на Друштвото.

 

Член 27

 

Со Извршниот одбор раководи претседателот.

 

Член 28

 

Извршниот одбор донесува одлуки или утврдува заклучоци со јавно гласање и тие се полноважни ако за нив гласале најмалку 6 негови членови.

 

Член 29

 

            Извршниот одбор формира:

ü      одбор за работа со секциите на друштвото,

ü      одбор за работа со основното образование,

ü      одбор за работа со средното образование,

ü      комисија за натпревари за основно образование,

ü      комисија за натпревари за средно образование,

ü      комисија за школи и кампови  за основно образование,

ü      комисија за школи и кампови за средно образование,

ü      комисија за доделување на награди на просветни работници,

ü      комисија за процена на спроведените активности,

ü      комисија за евалуација на работата

ü      други комисии кои третираат проблеми од сферата на географијата

 

Член 30

 

Секој одбор и комисија од член 29 од овој Статут се состои од претседател и два члена.

        Мандатот на одборите и комисиите трае 2 (две) години, а со право на реизбор.

 

Член 31

 

Работата на одборите и комисиите се уредува со посебни правилници што ги донесува Извршниот одбор, на предлог на одборот, комисијата.

 

ПОЧЕТОК

НАДЗОРНА КОМИСИЈА

 

Член 32

 

Надзорната комисија се состои од 3 (три) члена кои ги избира Собранието и врши финансиски надзор над работата на Извршниот одбор и претседателот на Друштвото.

 

Член 33

 

Контрола и надзор за наменско користење и располагање со средствата и приходите на Друштвото врши надзорната комисија составена од три члена.

Надзорната комисија има мандат од 2 (две) години, а со право на реизбор, и ја избира Собранието на Друштвото.

За своето работење надзорната комисија поднесува извештај до Собранието.

 

СЕКРЕТАР НА ДРУШТВОТО

 

Член 34

 

Секретарот на Друштвото ги води административните и книговодствените работи на Друштвото.

Секретарот на Друштвото има мандат од 2 (две) години, а со право на реизбор, и го избира Собранието на Друштвото.

За својата работа може да прима посебен надоместок, а по предлог на Претседателот на Собранието. Исто така ќе бидат плаќани трошоците со извршувањето на задачите.

 

ПРЕСТАВУВАЊЕ  И  ЗАСТАПУВАЊЕ  НА  ДРУШТВОТО

 

Член 35

 

        Друштвото го застапува и претставува претседателот на Собранието на  Друштвото.

 

Член 36

 

        Овластен потписник во името на Друштвото е претседателот на Собранието. Претседателот може за одредени активности, како и во случај на негова спреченост правото на потпис да го пренесе на секретарот.

 

Член 37

 

Претседателот како застапник е овластен во име на Друштвото да склучува договори и да врши други правни дејствија.

 

Член 38

 

Овластувањата на претседателот се утврдени со овој Статут.

 

ЧЛЕНУВАЊЕ  И ПРЕСТАНОК  НА ЧЛЕНУВАЊЕ  ВО  ДРУШТВОТО

 

Член 39

 

           Членови на Друштвото можат да бидат сите наставници и професори по географија, научни работници, други вработени во основното и средното образование, како и други лица-граѓани, ученици и младинци кои имаат желба да се зачленат во Друштвото.

 

Член 40

 

Член на Друштвото се станува со доброволно потпишување пристапница. Извршниот одбор одобрува пристап во членството. Друштвото за своите членови води регистар кој се ажурира еднаш годишно. Друштвото за сите членови води и  лично досие. Друштвото ја гарантира анонимноста на личните податоци на членовите кои тоа ќе го побараат.

 

Член 41

 

Членовите на Друштвото имаат право да ги остваруваат и покренуваат сите прашања утврдени со овој Статут.

 

Член 42

 

Членовите на Друштвото се должни:

ü      да ги остваруваат задачите и активностите на Друштвото,

ü      да ги почитуваат одлуките на органите на Друштвото.

 

Член 43

 

Сите членови на Друштвото имаат еднакви права и должности и можат да се користат со сите институции и повластици на Друштвото.

 

Член 44

 

Членувањето во Друштвото престанува:

ü      со престанок на Друштвото,

ü      со доброволно истапување на поединецот,

ü      со исклучување поради неизвршување на обврски или непочитување на актите на Друштвото.     

 

 

 

 

ПОЧЕТОК